Трансферот на португалскиот репрезентативец Жоао Палиња од Фулам во Баерн (М) е завршена работа. Германски „Скај Спорт“ потврди дека баварскиот гигант ќе плати 51 милион евра и уште 5 милиони бонуси за потписот на Паљиња.
Информациите велат дека се е подготвено за потпис на договорот, само се чека на завршување на ЕП 2024 и реализација на лекарските прегледи.
Палиња со Баерн (М) ќе потпише договор на 4 години, откако минатото лето трансферот пропадна во последен момент.
Минатата сезона 28-годишниот играч на Фулам одигра 33 натпревари во Премиер лигата, постигна 4 гола и направи една асистенција.