(ВИДЕО) Обезбедувањето на стадионот во Франкфурт брутално претепало португалски навивач?

На интернет кружи шокантно видео што го објави португалскиот портал „Рекорд“. Во него е прикажана сцена од натпреварот Португалија – Словенија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) на стадионот во Франкфурт каде што група обезбедувачи од непозната причина брутално претепала навивач на Португалија.

На почетокот двајца од обезбедувањето го држат навивачот, а третиот го удира. Откако заедно паднале на земја, пристигнале уште лица од обезбедувањето. Навивачот бил удиран повеќепати со тупаници и со клоци. Случајот го истражува германската полиција.

– Можам да потврдам дека сме свесни за инцидентот и дека полицијата истражува што се случило, изјави портпаролот на полицијата во Франкфурт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО