Бразилците одлучија: Ден на „кралот Пеле“ секоја година

Бразилскиот државен врв одлучи секоја година, на 19 ноември, јужноамериканската земја да го слави Денот на „кралот Пеле“, во чест на легендарниот фудбалер, според многумина најдобриот на светот на сите времиња.

Денот на сеќавањето на Пеле ќе се одржува на тој датум, бидејќи фудбалските хроничари велат дека Пеле тогаш го постигнал 1.000-от гол во славната кариера.

Тоа се случи на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, на натпреварот Сантос – Васко де Гама, во 1969 година. Сантос на Пеле победи со 2:1, а тој постигна гол од пенал.

Во тој момент натпреварот кратко беше  прекинат поради многубројните навивачи кои втрчаа на теренот за да прослават со Пеле, кој пак голот им го посвети на сите сиромашни деца низ Бразил.

Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст. Во текот на кариерата со Бразил освои три светски шампионски титули, во 1958, 1960 и 1970 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО