Сабаленка се повлече од Вимблдон поради „ретка повреда“

Белорусинката, Арина Сабаленкоа, светската тенисерка број 3, се повлече од грен слем турнирот на Вимблдон, непосредно пред првиот натпревар поради повреда на рамото, објавија организаторите.

Сабаленка, која годинава го повреди долниот дел на грбот и се бореше со болеста на Ролан Гарос, се повреди минатиот месец на турнирот во Берлин. Во саботата таа проговори за стравувањата дека не ќе може игра во првото коло, наведувајќи дека не е „100 проценти фит“ поради проблем со кој се соочиле малку жени.

– Тоа е повреда на „големиот мускул“ што јас го нарекувам повреда на рамото. Тоа е специфична повреда и навистина е ретка Јас сум веројатно втора или трета тенисерка што го повредила тој мускул.

Најмногу ми пречи што можам речиси се’. Можам да тренирам. но имам проблем со сервирањето. Не се чувствувам како да сум повредена. Направивме магнетна резонанца, многу рехабилитација, многу третмани, направивме се’, но не помага, изјави Сабаленка.

Од Вимблдон се повлече и Русинката, 22-ра носителка, Екатерина Александрова поради болест, пред мечот од првото коло со Британката Ема Радукану, (21) која го пропушти Вимблдон лани по операцијата на раката и на глуждот.

Победничката на САД опен од 2021 година никогаш не напредувала подалеку од четвртото коло на домашнио грен слем турнир..

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО