Секој хрватски спортист кој ќе освои златен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз ќе биде награден со 41.000 евра. Хрватска речиси двојно ја зголеми премијата за злато од ЛОИ и од Параолимписките игри (ПОИ), за 13.000 во споредба со Токио 2020-та.
Наградата за сребрен медал ќе биде 26.000, а за бронзен медал 18.500 евра. Ова е второ зголемување на висината на државните награди во последните неколку години од Владата на Хрватска.