Крај на една блескава кариера: Крис Фрум нема да вози на Тур де Франс

Четирикратниот шампион, Британецот Крис Фрум нема да вози на годинашната легендарна велосипедска трка, Тур де Франс што почнува во сабота, во Фиренца, Италија и ќе заврши на 21 јули, во Ница, Франција.

Фрум (39) кој нема победено на трка од 2018 година, заврши на 81-то место на неодамнешниот Критериум ди Дофин, настан кој традиционално служи како последна проверка на формата пред Тур.

Фрум имаше тежок почеток на сезоната откако го скрши зглобот на Тирено-Адриатико во март и се врати на трките дури во мај.

На Тур де Франс 2021 година Фрум заврши на 133-то место, а следната, 2022-ра беше 26-ти во генералниот пласман.

Тој му се приклучи на Израел- Премиер Тек тимот во 2021 година, со цел да се врати во целосна кондиција по несреќата во 2019 година во која се здоби со тешки повреди.

Фрум, кој има уште една година од договорот со израелскиот тим по оваа сезона, претходно победи на седум „гран тур“ трки во 10-те години како член на Скај тимот.

Четири пати триумфира на Тур де Франс, во 2013, 2015, 2016 и 2017 година, двапати на шпанската Вуелта, во 2011 и 2017-та, и еднаш на Џиро д’Италија, во 2018 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО