Новак Ѓоковиќ пристигна на Вимблдон и веќе тренира.
Седумкратниот шампион на овој турнир, дојде ден порано во однос на она што претходно се најавуваше и веќе ги почнал подготовките за истиот.
На социјалните мрежи се појавија и слики како Новак Ѓоковиќ тренира, а само пред три недели постоеа приказни од доктори дека за српскиот ас Вимблдон тешко ќе биде остварливо за настап, но ете, тоа е Новак Ѓоковиќ, се враќа во последен час.
Приметливо е дека има на себе одредена стега на десната нога, предел на телото кое го оперираше пред неполни три недели.
Очигледно ситуацијата му е далеку подобра од она што се најавуваше, штом тој е веќе на терен и тренира, но се чека потврда и понатаму дали тој ќе биде дел од турнирот од 1. јули.
A seven-time champion appears 📸#Wimbledon | @DjokerNole pic.twitter.com/qiXVfESe8M
— Wimbledon (@Wimbledon) June 23, 2024