Џејми Карагер кој е во улога на стручен аналитичар за Европското во Германија, вели дека селекторот на Англија, Герет Саутгејт, мора да ја менува тактиката за да му овозможи на Хари Кејн, да биде далеку поопасен кон голот на противникот. Првиот напаѓач на „трите лава“ на вчерашниот меч со Србија не можеше да дојде до израз во првиот дел додека во вториот имаше само два обида за погодок.
– Кејн е сестран модерен центарфор но, неговиот настап против Србија беше сведен на единствена улога. Доколку Саутгејт продолжи со тој систем до крајот на турнирот, нивниот центарфор ќе биде многу предвидлив и ограничен – изјави Карагер.