Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси нема намера така лесно да се предаде против Англија.
Тој вчера на пресот беше многу расположен, на моменти и се шегуваше со новинарите.
– Кога последен пат игравме на ЕП некои од играчите не беа ни родени. На нас е да направиме исчекор, да ја минеме првата фаза од ова ЕП. Зошто да не ја нападнеме Англија, не разбирам? Го почитуваме противникот, но се почитуваме и себеси, посочи Пикси.
На прашањето што ќе биде ако Србија успее да поведе, тој врати самоуверено:
– Тогаш ќе наредам да постигнеме уште еден гол. Многу просто.