Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, не можеше да се појави пред новинарите по поразот од Мира Андреева, поради болест.
Се гледаше во текот на четвртфиналниот меч дека Сабаленка се мачи и дека не е во ред нешто со неа. Се чувствуваше дека не е се најдобро со неа, но успеа да освои еден сет, а Андреева беше посебно мотивирана, одигра добар сет и победи.
Оваа сензација беше само за жал увертира на загрижувачката вест дека Сабаленка нешто не е најдобра. Организаторите по тој меч објавија дека дополнително ќе ја пратат нејзината изјава по мечот, што значи дека белоруската тенисерка не била во ситуација да одговара.
Оваа елиминација на Сабаленка е второто големо изненадување на денот, откако и Џасмин Паолини ја исфрли Елена Рибакина.