Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос стана првиот играч од 1995 година па наваму кој ја завршил клупската кариера со победа во европските купови. Последен пат тоа се случи со Франк Рајкард, кој со Ајакс ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) во сезоната 1994/95.
Крос, германскиот играч за врска, дојде во Реал Мадрид од Баерн Минхен пред 10 годино. Во овој период, Крос настапи на 465 натпревари во сите конкуренции, постигна 28 гола и имаше 99 асистенции.
Со Реал Мадрид тој пет пати триумфираше во ЛШ, четири пати ја освои шампионската титула во Шпанија и четири пати го освојуваше Суперкупот на Европа.
Крос беше стартер за Реал Мадрид во финалето на ЛШ против Борусија Дортмунд, и асистираше за првиот гол.