Рома го откупи договорот на Анхелино

Левиот бек, Анхелино, ќе остане во редовите на Рома откако „волчицата“ реши да му го откупи договорот од Лајпциг.

Калчо-лигашот му платил на германскиот клуб пет милиони евра, а со 27-годишниот фудбалер потпишал договор до летото 2028-та. Анхелино за Рома одигра 20 натпревари во Серија А и во Лига Европа.

Шпанецот има настапувано за Галатасарај, Њујорк, Џирона, Мајорка, НАЦ Бреда, ПСВ Ајндховен, Манчестер сити и Хофенхајм.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО