(ВИДЕО) Рој Кин на Суд за тепачка со навивач на Арсенал!

Продолжува судскиот спор меѓу легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин и Скот Лоу, 43-годишен навивач на Арсенал. Тие се степале на 3 септември минатата година по победата на Арсенал над Јунајтед со 3:1.

Кин, кој сега е стручен коментатор на натпреварите во Премиер лигата, наводно гестикулирал кон навивачот на Арсенал за време на натпреварот и му порачал „да се видиме надвор“, беше кажано на судот.

Лоу се изјасни за невин за нападот врз Кин, тогашен коментатор на „Скај спорт“. Се тврди дека тој со глава ја удрил легендата на Јунајтед, но камерата чија снимка беше објавена во јавноста не го покажува тоа.

На неа се гледа како Кин го удира Лоу со лакт во главата. Нив ги разделил Мика Ричардс, стручен коментатор и поранешен фудбалер на Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО