Играчот од средниот ред на Атлетико (М), Аксел Витсел ќе биде повикан во белгискиот национален тим за да игра на претстојното ЕП 2024.
Селекторот на тимот Доменико Тедеско реши да го врати Витсел во националниот тим за натпреварите на претстојното континентално првенство во Германија. Составот со кој Тедеско ќе патува за Германија ќе биде објавен утре.
35-годишниот Аксел има 130 натпревари во дресот на „ѓаволите“. Повеќе од него има само Јан Вертонген (154).