Тешко болниот фудбалски тренер Свен Ериксон беше специјален гостин на поранешниот клуб Лацио. Швеѓанецот доби посебно внимание пред последниот натпревар на „орлите“ во сезоната на стадионот „Олимпико“ во Рим.
На неколку минути пред првиот свиреж на мечот со Сасуоло, Ериксон доби овации од преполните трибини, а домашните навивачи во негова чест изведоа специјална кореографија. На семафорот на стадионот беше поставена негова фотографија со натпис „Добредојдовте дома“.