Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Ролан Гарос уште во првото коло откако загуби од домашната тенисерка, Маро Рувруа. И покрај тоа што Ѓорческа влезе во овој дуел подобро, сепак не успеа да слави против Французинката која триумфира со 2:1, во сетови 2:6, 7:5 и 3:6 во мечот што траеше 2,12 часа.
Со ова заврши сонот на Ѓорческа дека ќе се пласира на главниот турнир на грен слем турнирот на Ролан Гарос во Париз.