Фудбалерот на Трабзон, Николас Пепе, во текот на летото ќе си замине од турскиот состав. 28-годишниот репрезентативец на Брег Слонова Коска ќе го одработи договорот и како слободен фудбалер ќе бара нов тим .
Тој сака да остане во европскиот фудбал иако за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од Блискиот Исток. Пепе во сезонава одигра 19 натпревари со ефект од пет голови.