Борусија Дортмунд нема проблеми со повредени играчи пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Со исклучок на Рами Бенсебаини и Жулиен Дуранвил кои долго ќе се опоравуваат од повредите, германскиот тим денеска во полн состав замина за Франција. Напаѓачот Себастиен Алер, кој ја пропушти победата над Аугсбург од 5:1 викендот, се врати во тимот.
Борусија Дортмунд има предност од 1:0 од првиот натпревар и очекува повторно финале како во 2013 година, каде играше , но загуби од големиот ривал Баерн Минхен. Реприза, на истиот терен на „Вембли“, е можна со оглед на тоа што Баерн ќе го гостува кај Реал Мадрид во среда, откако првиот натпревар беше нерешен 2:2.
-Имаме многу храброст, што ни е потребно. Но и многу исчекување, оптимизам и напнатост, но тоа е дел од оваа игра. Создадовме добра основа во првиот натпревар за да го одржиме сонот за Вембли жив, рече спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел за медиумите пред заминувањето.