Динамо Загреб денеска слави 113 години постоење

Загрепски Динамо денеска го слави 113-от роденден. Ногометниот или фудбалски клуб Динамо, основан е под името Граѓански на 26 април 1911 година, а 34 години подоцна, во една од неколкуте фази на промена на името, бил преименуван во Динамо.

По повод роденденот клубот организира прослава на загрепскиот „Цвјетни трг“ со забавна програма, со почеток во 18 часот. Од клубот најавија дека на прославата ќе присуствуваат првотимци и клупски легенди, а дел од прославата ќе биде посветен на приказните за почетоците, историјата и значењето на клубот.

Во текот на богатата клупска историја, Динамо има освоено 34 национални титули, 23 национални купа и осум суперкупа. Тој беше освојувач на Купот на саемските градови, сега Лига Европа (ЛЕ), во сезоната 1966/67.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО