Од Барселона ќе бараат повторување на Ел Класико?

Во Барселона се незадоволни од арбитражата на мечот против Реал Мадрид, кој го загубија со 3:2.

Од Барселона порачаа дека доколку се докаже дека судиите згрешиле, ќе бараат од федерацијата повторување на натпреварот.

– Како претседател на Барселона, сакам да го изразам своето големо незадоволство поради фактот што ден по еден голем натпревар, зборуваме за ВАР системот, а не за фудбалот. Како што знаете, никогаш не сум бил некој голем заговорник на ВАР, затоа што сметам дека тоа ја убива убавината на фудбалот.

Но ако веќе го имаме, сметам дека треба да го користиме на вистинскиот начин, да ги исправаме грешките и погрешнмите одлуки. Не само дека навивачите не се задоволни, туку сакам да потенцирам дека и покрај тоа што го имаме ВАР, тој многупати носи конфузни одлуки и се служи со различни критериуми, во зависност од тоа кој тим игра.

Не можеме да ја свртиме главата на друга страна кога ВАР ја поништува нашата вредност и труд на натпреварот. Разбирам дека е тешко да бидете судија, но токму за тоа тука треба да биде ВАРот, да ја олесни работата. Имавме некои некоректни одлуки вчера, ние како клуб знаеме што се случуваше, па ќе ги стартуваме сите можни акции да ги исправиме грешките, размислуваме и за правни потези, порача Лапорта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО