Конте мета на три големи клуба

Дури три големи клуба се заинтересирани за италијанскиот стручњак, Антонио Конте и ќе се обидат да го ангажираат летово.

Според медиумите во Италија, Манчестер јунајтед и италијанските гиганти, Јувентус и Наполи, го насочиле своето интересирање кон Конте, како нивен предводник во новата сезона. Поранешниот тренер на Тотенхем и на Интер е без ангажман од март 2023 година, кога најави дека ќе направи кратка пауза.

Тој беше баран од Наполи по отпуштањето на Руди Гарсија, но ја одби понудата на првиот човек на наполитанците Дино де Лаурентис.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО