Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Познатиот шпански напаѓач изјави дека на крајот на една од најубавите сезони во поновата историја на Билбао, во која по 40 години беше освоен Купот на кралот, ќе ги закачи копачките.

Само двајца фудбалери во историјата на Ла Лига одиграле повеќе натпревари од него и тоа Андони Зубизарета и Хоакин со 622. Гарсија има 20 помалку и нема да може да ги стигне. Два пати го носеше и дресот на шпанската сениорска репрезентација, а покрај за Билбао настапуваше и за Осасуна и Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО