Според шпанските медиуми, Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид веќе отпишал четворица играчи за следната сезона.
Листата ја предводи Фран Гарсија, кој за пет милиони евра дојде од Рахо Ваљекан и беше проектиран за стартната постава.
Сепак, тој никогаш не беше во сериозните планови на Анчелоти и одигра само 25 минути во последните осум натпревари.
Ќе си замине и Дани Себаљос, кој е постојано незадоволен, а истиот статус е и Арда Ѓулер, на кој исто така не смета италијанскиот стручњак.
Последен на оваа листа е голманот Кепа, кој е позајмен од Челзи и кој во еден момент имаше статус на прв голман, а сега е само трета опција.
Останува да видиме што ќе биде со ветераните како Модриќ и Хоселу, кои имаат помала минутажа, но од чии настапи Анчелоти е задоволен.