Фудбалскиот клуб Рома се огласи по повод здравствената ситуација на својот играч Еван Ендике, кој се сруши на денешниот натпревар против Удинезе.
Мечот во Удине беше прекинат во 71. минута, кога Ендик колабираше на теренот. Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, претходно, за време на мечот, неколкупати се фаќаше за градите, алудирајки дека има одредени пречки во дишењето.
Судијата по падот на играчот, веднаш го прекина натпреварот, додека лекарската екипа веднаш втрча на терен да реагира. По неколку минути фудбалерот беше изнесен од игра.
Тој веднаш бил пренесен во клинички центар, каде биле направени дополнителни тестови и анализи, а по тоа, сега се огласи и Рома.
– Ендике е свесен, сега се наоѓа на дополнителни прегледи. Напред Еван, сите сме со тебе!“, порачаа од Рома на социјалните мрежи.
Following the on-field medical emergency involving Evan Ndicka, the match between Udinese and Roma has been suspended.
The player is conscious and has been taken to hospital for further checks.
Forza Evan, we are all with you! 💪
#ASRoma— AS Roma English (@ASRomaEN) April 14, 2024