Поради дивеењето на навивачите, Хајдук два меча ќе игра на празен „Пољуд“

Дисциплинската комисија на Хрватскиот фудбалски сојуз го казни Хајдук следните два првенствени натпревара на Пољуд, против Осиек и Рудеш, да ги игра без присуство на публика, како и со парична казна од 32.000 евра.

Хајдук е казнет заради нередите на полуфиналниот куп натпревар Хајдук – Динамо (0:1), што ги предизвика домашната навивачка група „Торцида“.

Во нередите дел од стадионот беше уништен, беа нападнати и полицајци, а нередите и судирите со полицијата продолжија на поширокиот простор на и околу стадионот, поради што службените лица и гостинската екипа беа задржани таму и по 23 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО