Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди судиите за првите четвртфинални мечеви во Лигата на шампиони (ЛШ).
Утрешниот меч Реал Мадрид – Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го суди Франсоа Летексие од Франција, а средбата Арсенал – Баерн Минхен, на „Емирати“ во Лондон му е доверена на Швеѓанецот, Глен Ниберг.
Во среда вечерта, правдата на средбата во Париз, на „Паркот на принцовите“, ПСЖ – Барселона ќе ја дели англиски судиски тим предводен од Ентони Тејлор. Мечот меѓу шпанскиот Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, на „Метрополитано“ му е доверен на Марко Гуида од Италија. Сите мечеви почнуваат во 21 часот.