Најлоша ситуација за Партизан: Црвена Звезда мора да победи за нив во Истанбул за плеј-ин!

Последното коло во Евролигата ќе донесе големо возбудувања за скоро повеќето екипи, посебно за оние кои уште се во игра за плеј-ин.

Интересна е ситуацијата со Партизан, на кои им треба победа последното коло, но исто така потребна им е победа, односно ќе навиваат и за нивните вечни ривали од домашното првенство, Црвена Звезда, кои треба да го совладаа Ефес за „црно-белите“ да се најдат во зона која ги носи во плеј-инот.

Партизан првенствено мора да го добијат последниот меч, играат во „Белградска Арена“ против Валенсија, па откако би оствариле победа, би можеле да чекаат на ривалите.

Црвена Звезда својот меч со Ефес ќе го игра во четврток на 11. април, во Истанбул, каде историски немаат добар скор, а сега ќе треба да играат за Партизан. Со оглед на тоа дека се големи ривали, прашање е дали Црвена Звезда ќе има желба да им помогне на ривалите од Белград.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО