Миротиќ го прашаа дали жали поради неостварениот трансфер во Партизан – еве што порача

Кошаркарот на Олимпија, Никола Миротиќ, истакна дека не жали што минатото лето не се договори со Партизан за трансфер во Белград.

По Барселона, се споменуваше негово доаѓањео во Белград, во дресот на Партизан, но после голем пресврт во оваа приказна, тој заврши во Италија.

– Дали жалам? Па не, не сум личност која се кае. Секогаш се обидувам да останам позитивен и да го искористам најдоброто што ми го дава животот. Среќен сум што сум овде и што играм за овој тим. Среќен сум затоа што Бог ми даде шанса да го играм овој спорт, не жалам поради ништо, порача Миротиќ.

Искусниот кошаркар е еден од најдобрите поентери во Евролигата, сезонава бележи просек од 17,2 поени по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО