Дефанзивецот на Манчестер Сити,Жоао Кансело, кој игра како позајмен во редовите на Барселона, ќе биде ставен на трансфер листата во текот на летото. Бидејќи за потписот на фудбалерот е заинтересиран тимот на Ал –Хилал од Саудиска Арабија, челниците на „граѓаните“ сакаат да ја искористат шансата и да го продадат . Во исто време, Барса сака да го задржи Кансело но, нема намера да му го откупи договорот.