Лука Модриќ во 39-та година од животот и по 174 одиграни мечеви во дресот на Хрватска, конечно, го освои првиот трофеј со националниот тим.
Хрватска синоќа триумфираше на турнирот во Египет, откако во финалето го совлада домаќинот со 4:2, кревајќи го пехарот во натпреварувањето кое е под „капата“ на ФИФА.
Модриќ, рекордерот според бројот на настапи за Хрватска, со Реал ги освои сите трофеи, три шампионати на Шпанија и два „кралски“, како и пет европски и четири светски клупски титули.
Во последните неколку години Модриќ со репрезентацијата ги загуби финалињата на Светското првенство (СП) во Русија и Лигата на нации (ЛН), но вчера за прв пат го крена победнички пехар во националниот дрес.
Модриќ имаше блескав настап против Египет синоќа, асистирајќи за два гола во победата од 4:2.