Со цел да го убеди: Перез му ветил две нови имиња во Реал на Килиан Мбапе

Килиан Мбапе на лето бесплатно го напушта тимот на ПСЖ и ќе си бара нов клуб, а скоро извесно е дека тоа ќе биде Реал Мадрид.

Иако се уште нема официјални потврди за овој трансфер, скоро е извесно дека ќе се случи такво сценарио. Двете страни допрва треба да се договорат и да ја официјализираат соарботката.

Но очигледно, доаѓањето на Мбапе ова лето нема да биде единствено. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, му дал уверување дека ќе донесе уште две имиња во клубот, се со цел да го убеди да го прифати договорот.

Веќе е познато дека Реал работи на потписот на Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, а во игра е и доведувањето на 18 годинишниот Лени Јора, талентиран дефанзивец од таборот на Лил.

ПСЖ не пројавил интерес за негов ангажман, така да веројатноста е голема дека овој играч ќе се договори во иднина со „кралевите“.

Јасно е дека Флорентино Перез прави се што е во негова моќ, првенствено да го обезбеди потписот на Килиан Мбапе, кој во „добитна комбинација“ за Реал, го добиваат ова лето бесплатно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО