Роберто Мартинез ослободи осум играчи од репрезентацијата на Португалија

Осум репрезентативци на Португалија беа ослободени од селекторот Роберто Мартинез по победата над Шведска во четвртокот со 5:2.

Бернардо Силва, Рубен Дијаз, Жоао Палиња, Нелсон Семедо, Тоти Гомеш, Рафаел Леао, Бруно Фернандеш и Гонзало Рамос ќе го пропуштат тестот во Словенија. Тие се испратени на одмор во своите клубови и не станува збор за некаков дисциплински или физички проблем. Сите тие одиграа одредена улога во пресметката со Швеѓаните, при што Бруно Фернандеш, Жоао Палиња, Бернардо Силва и Рубен Дијаз ги одиграа сите 90 минути.

Натпреварот меѓу Словенија и Португалија се игра во вторник во Љубљана на „Стожице Арена“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО