Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман откри дека Мануел Нојер ќе биде прв голман на Германија на претстојното ЕП.
Претходно стана јасно дека Нојер е повреден и нема да игра на пријателските натпревари со Франција и Холандија.
– Ние донесовме одлука. За жал, Ману се повреди, но тоа е само исчашување и тој ќе биде во аут само десет дена, па нема да ја менувам мојата одлука. Нојер долго време игра многу добро, во Лигата на шампионите и во Бундеслигата. Главната работа е да му дадете на играчот цел. Истото важи и за останатите играчи кои планирам да ги користам како главни играчи. Во разговор со Тер Штеген реков дека сум среќен затоа што имаме двајца голмани од светска класа. Му објаснив дека е важно да биде таму на овие два натпревари. И на двајцата може да им се случи повреда во секое време. Но, ништо не се менува во мојата одлука, изјави селекторот на Германија.