Барселона доби сериозен удар на само неколку часа пред дербито со Атлетико Мадрид од 29. коло во шпанската Ла Лига.
Каталонците нема да можат да се сметаат на Жоао Кансело, кој заработи физички проблем.
На позицијата лев бек, Чави нема втор избор во моментов, но би можел да експериментира со младиот Ектор Форт.
Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона е на програмата вечерва од 21 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“.