Осимен може да го пропушти мечот на Наполи со Интер

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимене може да не игра на натпреварот против Интер во 29. коло од италијанската Серија А, пренесува „Ил Матино“.

Според информациите, 25-годишниот Нигериец можеби нема да биде вклучен во составот за вечерашниот натпревар поради замор на мускулите.

Оваа сезона Осимен одигра 24 натпревари за наполитанците во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 4 асистенции.

Доколку се случи ова, екипата на Наполи ќе биде значително ослабена во нападот на гостувањето кај Интер на „Џузепе Меаца“, дуел кој се игра вечерва со почеток во 20.45 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО