Младиот фудбалер на Ливерпул, 20-годишниот Ирец, Конор Бредли, по убедливата победа над Спарта Прага (6:1), изјави дека тој и неговите соиграчи сакаат да се простат од менаџерот, Јирген Клоп во голем стил со освојување на сите можни трофеи сезонава.
– Клоп е единствениот менаџер што го познавам во Ливерпул. Тажен сум поради фактот што си заминува. Ние сакаме да ги освоиме сите трофеи за да го испратиме на најдобар можен начин, вели Бредли.
Ливерпул минатиот месец го освои Лига купот на Англија, а има шанси да додаде уште три трофеи во клупските витрини, титулата во Премиер лигата, во ФА купот и во Лига Европа (ЛЕ).