Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами, објавија денеска српските медиуми. По раната елиминација во Индијан Велс, Ѓоковиќ „побарал“ неколку дена за размислување, па решил да не го продолжи учеството на двојната мастерс турнеја во САД.
Иако во САД дојде со голема самодоверба, Ѓоковиќ веше елиминиран уште во 3. коло на Индијан Велс од Лука Нарди. Тој навести дека сепак може да го прескокне Мајами, што најверојатно и ќе се случи.