Лига на конференции: Пред Ристовски и Динамо падна и ПАОК

Загрепски Динамо го совлада ПАОК со 2:0 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на конференции (ЛК). Двата гаола ги постигна Бруно Петковиќ и на тој начин го поттурна хрватскиот шампион кон четвртфиналето.

Дел од победничаката екипа на Динамо, во последната одбранбена линија, беше и македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски.

– Ова беше еден од нашите подобри натпревари во последно време, посебно на тактички план. Бевме спремни за нивните контри, тие имаат одлични индивидуалци, но имавме против игра за нив. Но не треба да се залажуваме, ќе биде тешко во реваншот во Грција, ќе мора да одиграме уште еден добар меч. Имаме солидна предност, но ќе треба да играме како да е 0:0, изјави Ристовски по мечот.

Динамо во минатата нокаут  рунда го елиминира шпанскиот Бетис од Севилја. „Модрите“ знаат како да се играат вакви натпревари, имаат искуство и рутина во Европа до тој степен што може да победуваат силни екипи и кога не играат нешто посебно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО