Хамилтон како да сака да стави бензин на огнот: Смета дека Јос Верстапен го „минира“ Макс

Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон, смета дека коментарите на Јос Верстапен околу секс скандалот кој се случи во гаражата на Ред Бул со Кристијан Хорнер, најмалку му помага на неговиот син, Макс Верстапен.

По ГН на Бахреин, Јос Верстапен разговараше со медиумите и дека во таборот на „биковите“ од Австрија, работите ќе пукнат, доколку Хорнер остане на чело на овој тим.

Самиот Хамилтон има доста искуство во вакви ситуации, откако на почетокот од кариерата го водеше неговиот татко Ентони. Меѓутоа, во еден момент дојде до сериозен скандал помеѓу нив двајца, нешто кое со време беше „испеглано“, па Ентони веќе не беше менаџер на Хамилтон.

– Макс е голем шампион и самостојно може да си носи свои одлукли. Во нашиот свет е доста лесно да бидете изманипулирани, не зборувам дека тоа може да е случај и со таткото на Макс Верстапен, затоа што му оди одлично. Но сепак, вам родителите ви се родители, а вие го посакувате најдоброто во кариерата за себе. Многу пати во кариерата, работите се доста тешки, некогаш и незгодни, порача Луис Хамилтон.

Со ова Британецот се обиде да укаже дека Макс можеби треба да размисли во иднина да си побара друг менаџер, бидејки ќе се создаде сериозен јаз помеѓу него и неговиот татко, што секако не е добро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО