ПМФЛ: Вардар гостува во Тетово кај Шкендија, Струга против Силекс во Кратово

Денеска во рамки на 21. коло во ПМФЛ, имаме шест натпревари, од кои сигурно најинтересно ќе биде во Тетово, каде под Шара домаќинот Шкендија го пречекува составот на Вардар.

На оваа средба апсолутен фаворит, барем на хартија е Шкендија, која котира на третата позиција на табелата со 39. бодови, заостанувајки зад Шкупи и Струга, додека Вардар во Тетово гостува од 10. позиција, со освоен 21 бод.

Двете екипи денеска имаат различен пристап, на Шкендија ќе и требаат бодови за да се обиде да дојде до втората позиција, а што се однесува до Вардар, тие се во црвената зона и денеска било какво сценарио освен пораз, за нив би била победа, дури и бодот би го сметале за добар резултат.

Од останатите натпревари, Гостивар ја пречекува екипата на Брера Струмица, Работнички ја пречекува Брегалница Штип, лидерот Шкупи го пречекува Тиквеш, „лавовите“ од Ѓорче го пречекуваат составот на Воска спорт, додека во Кратово кај Силекс гоства второпласираната Струга.

Сите натпревари се закажани за 14 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО