Миклер се враќа во националниот тим на Унгарија

Селекторот на машката ракометна сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го објави конечниот список за настап на квалификациските натпревари за пласман на Олимписките игри во Париз.

На списокот кај Родригез има 20 ракометари, меѓу нив е искусниот голман Роланд Миклер, кој не настапи на Европското првенство во Германија.

Унгарија во квалификациите за ривали ги има репрезентациите на Тунис, Португалија и Норвешка. Најдобрите две репрезентации ќе учествуваат на најголемата спортска манифестација на светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО