Кени Далглиш, еден од легендарните фудбалери на Ливерпул, кој има освоено девет титули, вели дека тимот на Јирген Клоп не ќе може да ја издржи трката со Манчестер сити и со Арсенал за победничкиот пехар во Премиер лигата.
Според Шкотланѓанецот, проблемот на „црвените“ е поврзан со големиот број повреди на водечките играчи. Затоа тој им дава предност на „граѓаните“ и на „топчиите“ кои имаат далеку поголем ростер.
– За мене, најголемата закана за Ливерпул не се Манчестер сити или Арсенал, туку многуте повреди во тимот. Но, добро е што имаме дури три претенденти за титулата, што во другите земји не се случува многу често, изјави Далглиш.