Ѓорческа во 2. коло на турнирот во Словачка

Лина Ѓорческа успешно го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, успеа да ја победи Урсула Радванска со 2:0 и да обезбеди место во втората рунда.

Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6:3 додека во вториот и препушти само два гема на противничката. Во втората рунда на турнирот во Трнава, Ѓорческа ќе игра со Еала Александра од Филипини која денеска беше подобра од Унгарката Ана Бондар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО