Петрачи: Конте веројатно ќе се врати во Англија

Поранешниот директор на фудбалскиот состав Рома, Џанлука Петрачи кој му е близок пријател на Антонио Конте, очекува поранешниот тренер на Јувентус и Интер да се врати во Премиер лигата.

-Конте е многу амбициозен човек и пред да го избере клубот ќе го анализира секој детал. Мислам дека ќе се врати во Премиер бидејќи во моментов не гледам клуб во Италија кој може да го донесе, изјави тој за „ТВ Плеј“.

Конте е без клуб откако го напушти Тотенхем во март 2023 година. Тој беше поврзуван со тренерската позиција во Баерн Минхен, Ливерпул, Милан и Наполи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО