Шпанскиот тенисер Рафаел Надал почна да тренира на терените со тврда подлога во САД. Тој на 3 март во Лас Вегас треба да одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз, а на 6 март ќе го започне настапот на Мастерсот во Индијан Велс.
Надал, 22-кратен грен-слем шампион, нема играно од турнирот во Бризбејн во јануари. Nо иако негово враќање на турнирите беше планирано малку порано од Индијан Велс, сепак, тој се’ уште ја немаше залечено повредата, поради што мораше да продолжи со рехабилитацијата.