Сензација во Ботевград – Бугарија ја победи Германија

Кошаркарската репрезентација на Бугарија приреди вистинска сензација со победата над актуелниот светски првак Германија. Во Д-групата, во квалификациите за пласман на Европското првенство, вп Ботевград, Бугарија ја победи Германија со 67:62.

Натурализираниот американец, Коди Милер Мекинтајер ја предводеше Бугарија до победата. Кошаркарот на Басконија мечот против Германија го заврши со 23 поени, пет скока и четири асистенции.

Голема помош доби од Христо Захариев со 15 поени и четири скока, Георги Бојанов 11 поени, а Константин Костадинов и Димитар Димитров постигнаа вкупно 14 поени.

Кај Германците најдобар беше Оскар да Силва со дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скока, Крамер и Матишек додадоа по 11 поени.

Кошаркарите на Германија во првиот квалификациски меч беа подобри од Црна Гора, додека Бугарија загуби од Шведска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО