Невил се мајтапи со Челси: Децата на Клоп ги победија оние кои тежат милијарди!

Некогашниот фудбалер од Манчестер Јунајтед, а сегашен коментатор на Скај Спорт, Гери Невил, се обиде да им фати сеир на Челси за загубеното Карабао финале против Ливерпул.

Еден момент беше доволен за Ливерпул да го освои ова натпреварување, а бидејки натпреварот немаше гол во регуларните 90 минути, победникот беше решен во продолжението. Стрелец на победничкиот гол за Ливерпул беше Ван Дајк.

– Децата на Јирген Клоп играа против оние губитници кои тежат многу милијарди фунти. Неверојатно беа овие млади деца, Јирген Клоп верувам дека е горд на нив. Воопшто немам симпатии кон Челси, тие едноставно колабираа во намерите да победат, порача Гери Невил.

Невил е познат по тоа што многупати влегуваше во фронтална и вербална војна со навивачи на Ливерпул, но очигледно сега реши да ја смени страната па да им се „сити“ на Челси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО