Спарта и Галатасарај одиграа бурен реванш меч во плеј-офот во Лига Европа (ЛЕ) во Прага. Галатасарај победи во првиот натпревар дома со 3:2, но во реваншот Спарта го анулираше тоа славејќи со 4:1.
Решавачките моменти се случија во финишот од мечот, при резултат 1:1, откако беа исклучени Кан Ајхан во 70 минута, а потоа и тренерот на гостите Окан Бурук.
Сето тоа ги збесна играчите, но и стручниот штаб на Галатасарај. По поразот и испаѓањето тие дојдоа на клупата на Спарта за да се пресметаат со ривалите.
Потоа уследи размена на удари и туркање, во кое неколкумина учесници во тепачката паднаа на тревата. Потоа почна и бркотница на теренот, но на крајот се’ се смири.
Sparta Prag – Galatasaray maçının bitiş düdüğünün ardından iki takım arasında kavga çıktı. pic.twitter.com/cv74EB44fr
— Pusholder (@pusholder) February 22, 2024