Робин Ван Перси во минатото доколку ги прашате навивачите на Арсенал, направи големо предавство и таму нема проштевање.
Но холандскиот фудбалер едноставно го сакаше тој трансфер, во Манчестер Јунајтед, каде веднаш по доаѓањето во клубот, истата сезона ја освои својата прва титула во англиското првенство.
Холанѓанецот се обиде неколкупати да ги разувери навивачите на Арсенал дека грешат кога го критикуваат, но потоа тој нагласи дека неговиот дом е само Манчестер Јунајтед.
– Јас имам само еден дом, тоа е Манчестер Јунајтед, со нив ја освоив првата титула, дури и ми аплаудираа кога постигнав гол против нив со Фенербахче. Што се однесува до Арсенал, тамошните навивачи би ми го фрлиле дресот по гол против нив, иако таму оставив 8 години од својот живот. Не би сакал да се враќам на тоа веќе, порача Робин Ван Перси.