ЛЕ: Реванш плеј-оф дуели за пласман во осминафиналето

Во Лига Европа (ЛЕ), второто по ранг и квалитет клупско фудбалско натпреварување, вечерва ќе се одиграат реванш натпреварите од плеј-оф рундата.

За пласман во осминафиналето разигруваат осумте второпласирани тимови од групната фаза во ЛЕ, односно третопласираните во групите во Лигата на шампиони (ЛШ).

Вечерашните двојки (почеток од 18.45 и 21 часот) се: Рома – Феенорд (1:1, прв натпревар), Спарта Прага – Галатасарај (2:3), Марсеј – Шахтар (2:2), Спортинг – Јанг бојс (3:1), Тулуз – Бенфика (1:2), Рен- Милан (0:3), Фрајбург – Ленс (0:0) и Карабаг – Брага (4:2).

Осумте победници од плеј-офот ќе им се придружат на првопласираните тимови од осумте групи во ЛЕ во осминафиналната нокаут рунда.

Тоа се Аталанта, Брајтон, Баер Л., Ливерпул, Ренџерс, Славија Прага, Вилјареал и Вест хем. Ждрепката за осминафиналето е закажана за утре напладне во Нион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО